Ѓоко Танески е роден на 2 март 1977 година, во Охрид, каде што живее. Тој е четврто дете во семејството. Во Кавадарци завршил средно шумарско училиште. Ѓоко Танески е оженет и има две ќерки: Анастасија, родена во 2007 година, и Михаела, родена во 2011 година.
Своите музички почетоци, Танески ги направил во Кавадарци, кога за време на средношколските денови ја оформил својата прва група, со која настапувал на локалната сцена.
На 20 февруари 2010 година, Танески победил на македонското национално финале за избор на песна за Евровизија. Така, тој ја претставувал Македонија на фестивалот „Евровизија 2010“, одржан во Норвешка, со песната „Јас ја имам силата“.
Редакцијата на Екран му го честита роденденот на Ѓоко и му посакува многу здравје и многу успеси во понатамошната кариера.