Денес роденден прославува нашиот познат актер Нино Леви


Нино Леви е роден на 19 јануари 1960 година во Скопје. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски актер.

Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски и проф. Слободан Унковски, во 1987 година.


Од 1989 година е вработен во Македонски народен театар – Скопје.

Остварил огромен број на театарски, филмски и телевизиски улоги, а добитник е на наградата за најдобар актер за 2008 година на „Златна Бубамара на популарноста“.


Среќен роденден Нино, ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави најголемата поп-ѕвезда на денешницата Мајли Сајрус

Мајли Реј Сајрус (Miley Ray Cyrus), родена како Дестини Хоуп Сајрус на 23 ноември 1992 …