Денес роденден прославува нашата позната поп-пејачка Ерзана

Ерзана Превала (моминско презиме Бериша) е родена во Скопје на 11 февруари 1978 година. Таа е позната македонска поп-пејачка, која е препознатлива по нејзиниот хит „Ноќна кралица“ со кој настапила на Макфест во 1998 година и ја освоила наградата за најдобра изведба. Живее во Хартфорд, Конектикат, САД, заедно со нејзиниот сопруг Аријан Превала.

Ерзана Бериша, настапувала на повеќе македонски фестивали во минатото, од кои произлегле нејзините хитови. Исто така и нејзиниот брат Линдон Бериша е музичар што е до ден-денес активен. Нејзиниот единствен албум т.н. „Без зборови“ важел за еден од најпродаваните во времето кога била актуелна. Ерзана како женски изведувач направила многу за забавната музика. Нејзиниот албум бил нешто ново и дотогаш нечуено на овие простори. Таа била една од првите македонски пејачки што направила соработка со странски рапер што пее на англиски јазик — во големиот хит „Колекционер“.


Среќен роденден Ерзана, ти посакува редакцијата на Екран.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Остана само уште еден ден ден за пријавување на дела за конкурсот Trash for Art 2025

Рокот за пријавување на дела за конкурсот Trash for Art 2025 истекува утре Остана само …