(АУДИО) „Меморија“ со песната „За добро да е“ повикува и „малер убива“!


Легендарната македонска група „Меморија“ во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“.
Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно, на сите нас, во овие матни времиња. Главниот вокал и овој пат го преземал Ристо Самарџиев, но во хорските рефрени пеат сите челенови на групата, што дава добар шлагворт за уште подобра интеракција со публиката која ќе ја пее во еден глас со групата на нивниот претстоен, славенички скопски концерт, на 16-ти ноември, но и на сите останати настапи во иднина.


Како и претходните новоизлезени песни и оваа е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски кој заедно со Давор Јордановски ја изработиле музичката продукција, додека извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа.
Песната официјално ќе биде промовирана на претстојната ПРЕСС конференција закажана за вторник, 1-ви октомври 2024 година во 13.00 часот во просториите на „Универзитет Скопје“.
Претпремиерно, слушнете како звучи „За добро да е“:


Фото: Приватна архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РОДИТЕЛИ ВНИМАНИЕ: Децата кои добиваат премногу подароци подоцна имаат 3 проблеми!

Истражувањата покажуваат дека материјализмот е поврзан со пониско ниво на среќа, а овие шеми се …