Ако имате проблеми со заспивањето, можеби ќе сакате да го пробате овој едноставен трик кој стана вирален на социјалните мрежи откако д-р Кејтлин Тондо-Стил го сподели на Инстаграм.
Сè што треба да направите е да ги затворите очите и полека да ги вртите очните јаболка од една на друга страна, потоа нагоре и надолу, потоа во кругови, во насока на стрелките на часовникот и спротивно од стрелките на часовникот. Вртете ги полека и рамномерно додека не почувствувате поспаност.
View this post on Instagram
Зошто овој трик би можел да ви помогне да заспиете?
Постои невролошко објаснување зошто ова би можело да функционира.
„Со принудување на очите да се движат напред-назад во бавни, мазни лакови, ги симулирате осцилациите што природно се јавуваат за време на REM спиењето“, објасни Киара ДеВит, медицинска сестра по детска неврологија, за Huff Post.
– Тоа е еден вид потсвесен систем за испраќање пораки до остатокот од нервниот систем дека треба да се смириме, а не да забрзуваме. Кога се будиме среде ноќ, вистинскиот проблем не е само будењето. Тоа е ненадејна, панична мисла: „О, не, буден сум. Ќе бидам исцрпен утре“, рекол психијатарот Ишдип Наранг.
Тие мисли предизвикуваат стрес, држејќи ве будни.
– Оваа техника функционира така што му дава на вашиот ум едноставна, здодевна, физичка задача на која треба да се фокусира. Наместо да дозволите вашите мисли да се претворат во анксиозност 24 часа на ден, го киднапирате сопственото внимание и го принудувате да се фокусира на движење, рекол Наранг.
Сепак, нема научни докази што го поддржуваат аргументот дека заспивањето може да се предизвика со бавни движења на очите зад затворените очни капаци. Иако бавните ритмички движења можат да бидат смирувачки со поместување на фокусот подалеку од вознемирените мисли, мозокот е тој што го прави опуштањето, а не очите.
Фото: Pixabay
ekran платформа за слободоумни