На денешната прес конференција по повод концертот „Кадифено“ кој ќе се одржи утре во Филхармонија, поради маглата не можеа да присуствуваат музичарите од Турција – Џенк Ердоган (Турција) – светски познат виртуоз на фретлес гитара и со GRAMMY награден уметник и Ахмет Алан (Турција) – перкусионист и мултиинструменталист.

Но, затоа беа присутни вокалистката Зарина Првасевда, Андреа Мирчевска – вилончело и Тони Арслан – Гитара.
Прес концференцијата ја водеше Ана Зафировска која веднаш напомена дека музичарите од Турција не се присутни поради тоа што авионот не можел да слета поради маглата во Скопје. Но, набргу на мобилниот на Зарина пристигна убавата вест дека набргу и тие ќе се приклучат на бендот кој утревечер ќе не „прошета“ низ македонската музичка традиција во изведба на потврдената и волшебна Зарина.
Како и што обично бива, ние не си ги цениме доволно своите уметници па така и Зарина потврда за својата работа добила во Кападокија каде била на петдневен музички семинар каде ги запознава и пронаоѓа „заеднички звук“ со Зенк Ердоган и Ахмет Алан.
Традиционалната музика на Турција и Македонија била спојката за овие потврдени музичари кои на дело ќе ги видиме утревечер во Филхармонија.
Утревечер во Филхармонија сите љубители на убавата и оригинална музика ги очекува вистинска посластица, иако актерите не сакаа да откриваат детали туку решија публиката да го преслуша „Кадифено“ и да го даде својот суд.
Г.О.
ekran платформа за слободоумни