(ВИДЕО+ФОТО) Испратила силна порака – Светски познатата Јутјуберка на церемонијата „Жена на годината“ во Њујорк носела фустан со цртежи од деца од Газа


Американската едукаторка за деца и Јутјуберка Рејчел Грифин Акурсо, позната низ целиот свет како г-ѓа Рејчел, привлекла големо внимание на церемонијата „Жена на годината 2025“ на Glamour во Њујорк.
Имено, со години посветена на подобрување на животот на децата ширум светот, г-ѓа Рејчел носела уникатен фустан на црвениот тепих на кој била претставена уметноста на палестинските деца од Газа.

Фустанот што го носела бил уметничка илустрација на палестински момчиња и девојчиња направени од рециклирани материјали, а секоја нишка на фустанот ги одразувала искуствата и отпорноста на младите Палестинци. Г-ѓа Рејчел тесно соработувала со децата за да се осигури дека нивните приказни и гласови се верно претставени.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Ms Rachel (@msrachelforlittles)


Уметноста што го красеше нејзиниот фустан носела длабоко емоционално значење. Ахмед, еден од младите уметници, нацртал мало момче кое го носи својот дом на рамената, трогателна сцена што симболизира раселување и загуба. Девојчето Луна насликала девојче кое прегрнува парче лубеница, симбол на палестинскиот идентитет и љубов кон татковината. Заедно, нивните цртежи одразуваа и тага и непоколеблива надеж.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Glamour (@glamourmag)

На црвениот тепих, г-ѓа Рејчел носела и печатени портрети на деца чии цртежи го красеа нејзиниот фустан. Таа објаснила: „Ги носам нивните приказни во моето срце. Сите тие знаат за овој фустан и се многу возбудени“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ms Rachel (@msrachelforlittles)

Г-ѓа Рејчел, која има повеќе од 17,6 милиони претплатници на YouTube и повеќе од 13 милијарди прегледи, со години ја користи својата платформа за да привлече внимание кон децата во кризните зони низ целиот свет, од Газа до Судан и Украина. Таа ги споделила приказните на деца како Рахаф, тригодишно девојче од Газа на кое му недостасуваат двете нозе, и се залагаше за правата на палестинските новинари, користејќи го своето влијание за да ги засили гласовите кои често се занемаруваат.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тврди психолог – Овие навики го саботираат вашиот љубовен живот: Тие често настануваат од претходни искуства

Обидот да се разбере и дефинира љубовта честопати изгледа како комплицирана игра, а психологот Марк …