Неодамнешната листа на Bored Panda ги рангира најздодевните градови за посета врз основа на прегледите од корисниците на Reddit, а на прво место е Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.
На второ место се Доха, Сиетл и Скрентон. И’ покрај нивната економска важност, градовите како Дубаи и Доха често се критикувани поради недостаток на „културна длабочина“ но и поради тоа што за многумина изгледаат „вештачки“.
Токму тоа е еден од коментарите на корисниците кои се согласиле дека Дубаи им е особено здодевен.
View this post on Instagram
„Навистина ми се чинеше дека Дубаи е неверојатно здодевен. Не е толку голем колку што мислите и е толку вештачки што е бездушен. По седум дена таму навистина се чувствувате како да сте ги исцрпиле сите опции. Тоа се само трговски центри”, рекол корисникот на Reddit.
Американските градови доминираат на листата, вклучувајќи ги Хјустон, Орландо, Индијанаполис и Детроит, кои некои патници ги сметаат за невозбудливи, освен нивните деловни центри или туристички атракции.
View this post on Instagram
Милтон Кејнс во Обединетото Кралство и Хелсинки во Финска, исто така, се нашле на листата, сугерирајќи дека модерното планирање и ефикасност не секогаш обезбедуваат привлечни искуства за посетителите.
Иако мислењата за овие градови може да се разликуваат, рангирањето нагласува како очекувањата за патување можат да ги обликуваат перцепциите на туристите.
Фото: Принтскрин/Instagram