Влатко Лозановски е еден од македонските изведувачи кои ја полнат арената „Борис Трајковски“…
Вчера напомена дека денес ќе има големо соопштение и го добивме – Лозано го најави концертот за 7.март во „Борис Трајковски“, но тоа ќе биде нешто што до сега го немаме видено од него – ќе има гости, танчери, изненадувања, а се ќе биде проследено и со веќе добро познатите хитови, но и нови песни кои ги подготвува…секако, со тандемот Цветковски. Бидејќи, логиката е едноставна – тимот што добива не треба да се менува…
На 11. ноември го гледавме како дел од големиот концерт „Летај галебе“ посветен на маестро Кире Костов, кога ги изведе „Иконо моја“ и „Летај галебе“ и уште еднаш ги покажа своите врвни изведувачки квалитети.
Останува да почекаме што ново подготвува како композиции како и за концертот закажан за 7.март во „Борис Трајковски“.
Фото: Принтскрин/Видео/Лозано
ekran платформа за слободоумни