(ВИДЕО) Новиот музички проект на „Ориентал бенд“ се снимаше во Белешкиот театар


После скоро две години апстиненција од медиумите, „Ориентал бенд“ се враќаат со нешто ново и навистина оригинално.

Бендот, празнично, ги изненади почитувачите на убавата песна, промовирајќи проект кој содржи преработки на македонски евергрини и неколку познати странски хитови.


„Целиот проект е снимен во живо. Нашата желба, во живо да отпееме и отсвириме неколку убави песни, на театарска сцена со светла, вроди со плод и нескромно ќе кажеме дека испадна одличен производ. Нашето го остваривме. Работевме со многу голема желба и љубов, а сега останува публиката да го препознае тоа“, велат Ориенталци, додавајќи дека видеата ќе се објавуваат на нивниот канал на „you tube“.

„За сите преработки, направивме и видеа, а ќе ги објавуваме едно по едно, секоја недела. Сакаме искрено да се заблагодариме на театарот во Велес, Љупчо Павловски од студио „Анастасија“ и Кристијан Конески, кој беше задолжен за видео продукцијата“.


Некаде после новогодишните празници конечно излегуваат и две авторски песни на бендот, кој од неодамна има и нов член, гитаристот Ристе, а  и за овие песни се планирани и видео записи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ХОРОР ВО ХОЛИВУД: Познатиот режисер и неговата сопруга биле пронајдени избодени во нивната куќа, нивните тела се уште се во вилата, полицијата не знае што да прави понатаму

Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел Сингер биле пронајдени мртви во нивниот дом, додека нивната …

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */