(ВИДЕО) Има само една песна – Новиот успех на младиот Јаков Јозиновиќ: Успеа да ја распродаде и Загрепска Арена – во Скопје на 9 април


Најголемата млада ѕвезда на денешницата, Јаков Јозиновиќ, повторно влезе во историја, а со само една објавена песна успеа да ја распродаде Арена Загреб.
Неговиот концерт во Загрепската Арена е закажан за 19 јуни 2026 година како дел од турнејата „Летам за чуда“. Посебна тежина на овој успех му дава фактот што благодарение на сцената поставена во самиот центар на Арената, во импресивен формат од 360°, сите сектори беа во продажба. Максималниот капацитет на Арената е близу 24.000 седишта.
„Луѓето се оние што ме прават најсреќен, и благодарение на нив го остварив мојот сон. Ви благодарам на сите што ги купивте сите билети со оваа брзина. Пресреќен сум што таа вечер ќе свириме музика во живо, што ќе пееме и песни од мојот претстоен албум. Навистина сум возбуден“, рекол Јаков преку радиото Браво!.


Во Загрепската арена, со сосема ново визуелно и музичко искуство, тој ќе изведе хитови со кои публиката го препозна, како и негови песни.
Првата од нив, „Поле од рози“, веќе го пронајде патот до срцата на слушателите и веднаш го зазеде првото место на сите радио листи во Хрватска, а наскоро планира да објави и нови песни.
Од талентирано момче кое пееше пред десетици луѓе во кафулиња, Јаков прерасна во вистинска музичка сензација. Со својата харизма и емотивен вокал, ги освои социјалните мрежи, наскоро и градските плоштади, а сега ги освојува и најголемите сали во регионот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jakov (@jakov.jozinovic)


Неговиот концерт во Скопје е закажан за 9. април 2026 година, а интересот за младиот Јаков се зголемува од ден во ден.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Врз основа на статистика – Кои карактеристики го претставуваат идеалот за убавина во 2025 година: Истражувањето тврди дека овие познати дами се блиску до него

За да истражат што ја карактеризира привлечноста во 2025 година, тимот на списанието Playerstime ги …