Пред неколку дена, легендарниот аргентински фудбалер Лионел Меси ја одржа турнејата „GOAT Tour 2025“ во Индија, а како знак на благодарност, добил ултра редок примерок од часовникот.
Меси пристигна минатата сабота во оваа јужноазиска земја на четиридневно патување кое започна во Калкута. За време на престојот во Индија, тој ги посетил и Хајдерабад, Мумбаи и Њу Делхи.
View this post on Instagram
На крајот од турнејата, тој бил поканет да го посети Глобалниот центар за спасување и конзервација на дивиот свет Вантара во Џамнагар. Центарот е во сопственост на индискиот милијардер Мукеш Амбани, чиј син му подарил на Меси прекрасен подарок.

Анант Амбани и подарил на поранешната ѕвезда на Барселона и Пари Сен Жермен часовник вреден 900.000 фунти, односно малку повеќе од милион евра.
Часовникот е ултра редок „Ричард Мил“, кој е само еден од 12-те направени примероци. Ограниченото издание на RM 003-V2 GMT Tourbillon „Asia Edition“ има куќиште од црн карбон и скелет на бројчаникот.

Меси бил фотографиран како го носи часовникот, што сугерирало дека го прифатил љубезниот подарок. Но, целата турнеја не помина непречено, бидејќи навивачите биле бесни откако Меси се појави на настанот само пет минути.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни