(ВИДЕО+ФОТО) Во Филхармонија „Flowers Symphony“ во изведба на Битолски Оркестар ДИВА: Музика, силни емоции и незаборавна вечер за која ќе се раскажува


Синоќа „Филхармонија“ беше местото каде се ширеше љубов…

Битолскиот Оркестар ДИВА настапи во симфониски состав, и со моќен и раскошен звук ја исполни салата со енергија и емоција, со својата цветна симфонија (Flowers Symphony) придружена со три врвни сопрани – Јаворка Витанова, Виолета Арсовска, и Зана Абази Рамадани под диригентската палка на Владимир Димовски. Но, за комплетниот впечаток придонесоа и гостите – сопранот Полина Тасева и виолинистката Камелија Дукова.


Програмата вклучуваше безвременски италијански канцони и оперски бисери – меѓу нив легендарните „Time to Say Goodbye“, „’O Sole Mio“, „Caruso“, „Flower Duet“, „Vivo per lei“ незаборавниот „Flower Duet“ и уште многу други дела кои ги воодушевуваат луѓето ширум светот.

На сцената настапија три извонредни сопрани, чии гласови се споија во едно прекрасно музичко надополнување, со поддршка на оркестарските уметници. Заедно ја доловија суштината на италијанската страст во изведби полни со нежност, елеганција и симфониска раскош. А гостите – сопранот Полина Тасева и виолинистката Камелија Дукова дадоа посебен шарм.



Да се слушаат сопраните значеше да се плови назад низ времето, зборовите од поголемиот дел композиции сами да ви доаѓаат но да не се осмелите да го пуштите гласот бидеејќи тоа што доаѓаше од бината беше многу моќно.

Flowers Symphony е симфонија на емоции, патување низ музички цветови што цветаа пред нашите очи и срца. Настан кој обединува класика и популарна уметност, традиција и современост, во едно неповторливо искуство.


А, сето тоа беше препознаено и поздравено од присутните во преполната сала на Филхармонија. Секоја изведба беше наградувана со громогласен аплауз и стоечки овации. Никој не сакаше да заврши Цветната симфонија но како што на се доаѓа крај така заврши и „Flowers Symphony“ со желба за што поскорешна средба.

Г.О.
Видео и фото: Јасмина Лукановска

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Астролозите велат дека имаат посебни квалитети: Тие се најдобрите татковци според хороскопот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */