Проблемите во бракот на Џорџ и Амал Клуни повеќе не се само гласини. По шпекулациите кои започнаа уште во декември минатата година, сега станува се појасно дека нивната врска поминува низ сериозна криза.
Првите проблеми настанале кога Џорџ Клуни целосно се посветил на политиката, поддржувајќи ја Камала Харис за време на претседателските избори во САД. Според добро упатените, токму овој период донел раздор во нивниот брак, бидејќи Клуни целосно се посветил на кампањата, оставајќи ги настрана Амал Клуни и децата, а таа посакала да се разведе.
Но, работите станале уште полоши откако Харис ги загуби изборите. Поразот силно го погодил Клуни, кој сфатил дека ниту неговиот глас, ниту неговиот статус на славна личност немаат значајно влијание. Во овој период тој започнал со подготовките за својата драма на Бродвеј „Добра ноќ и среќно“ (“Good Night, and Good Luck”).
View this post on Instagram
Но, она што било најшокантно е неговата изјава дека не сака неговата сопруга да седи во близина на бината додека тој настапува. Според RadarOnline, Клуни планирал да ја смести Амал на најевтините седишта на задниот дел од салата за да избегне каков било контакт со очите со неа.
„Колку и да е Амал горда што нејзиниот сопруг ја следи својата визија на Бродвеј, ним не им било лесно што толку долго се раздвоени. Нивните работни распореди ги одвоија. Таа е навикната тој да си оди неколку дена, но сега тоа е вистински тест за нивниот брак”, рекол извор близок на парот.
View this post on Instagram
За потсетување, Клуни и Амал претходно донеле одлука да се повлечат од Холивуд за да водат помирен живот. Тие се преселиле во Франција, се посветиле на хуманитарната работа и изградиле дом далеку од светлата на рефлекторите. Сепак, Клуни повторно целосно се посветил на работата во САД, што наводно не и се допаѓало на неговата сопруга.
Бред Пит како дополнителна точка на несогласување
View this post on Instagram
Дополнително, според еден изворот, Амал не била задоволна од одлуката на Клуни повторно да соработува со Бред Пит на филмот „Волци“ (“Wolves”). Таа сметала дека нивното пријателство не е искрено и дека Пит претходно бил само површен познаник, а не вистински пријател на нејзиниот сопруг.
View this post on Instagram
Неодамна папараците ги уловиле на одмор во Сен Тропе, но наместо среќен пар, фановите забележале напнатост и недостаток на нивната поранешна блискост.
Политичките несогласувања биле капка која ја прелила чашата?
Во меѓувреме, во јавноста се појавија шпекулации дека главната причина за несогласувањата би можеле да бидат политичките разлики меѓу Амал и Џорџ. Како што коментираат корисниците на Интернет, Амал активно работела на тимот на Меѓународниот кривичен суд кој се занимава со случајот на обвинението против Бенјамин Нетанјаху за злосторства против Палестинците. Таа и нејзиното семејство отворено го поддржуваат палестинскиот народ.
Од друга страна, Клуни е демократ и затоа се верува дека ја поддржува израелската страна, што е во целосна спротивност со политичките ставови на неговата сопруга. Овој конфликт, според тврдењата, може да биде најдлабоката причина за нивното отуѓување.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Џорџ и Амал Клуни се во брак од 2014 година и се родители на седумгодишните близнаци Александар и Ела. Клуни со години беше еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, тврдејќи дека не е роден за брак, а исто така тврдел дека не сака да биде татко бидејќи „тоа не е за него“ и дека „нема никакви гени кои вреди да се копираат“. Меѓутоа, кога ја запознал Амал, се’ се променило.
Фото: Архива