(ВИДЕО) Фатен во кадар – Харисон Форд го прекинал говорот на својата колешка на доделувањето на SAG наградите поради чипс, таа се смеела и му викала

Џесика Вилијамс разиграно го искарала Харисон Форд, нејзиниот колега од „Shrinking“, откако тој го прекинал нејзиниот монолог на наградите SAG јадејќи чипс во позадина.
Овогодинешната церемонија, која ја водеше Кристен Бел и се емитуваше во живо на Нетфликс, беше отворена со годишниот вовед „I Am an Actor“ каде ѕвездите зборуваат за своите искуства.

„Лос Анџелес е познат како град на соништата и сите мои соништа секако се остварија овде“, изјавила на почетокот Вилијамс.


Меѓутоа, додека актерката ја започна својата следна реплика, Форд можел да се види како зема чипс во позадина и го става во устата пред да сфати дека е во кадарот и полека се обидува да го врати, што предизвикало големо смеење кај публиката.
Сфаќајќи што се случува, Вилијамс погледнала во Форд пред да извика: „Му реков да се сврти!“.


Публиката продолжила да се смее, на што таа додала: „Не гледај!“.

Таа го завршила својот говор велејќи: „Од мојот сон да се спремам во бањата во Старбакс пред аудиција до мојот сон да плачам во бањата во Дел Тако потоа, но повеќе од фабрика за соништа, овој град отсекогаш бил мојот дом. Јас сум Џесика Вилијамс. Родена сум и израсната во Лос Анџелес, и јас сум актерка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SAG Awards® (@sagawards)

Таа потоа се свртела кон Форд и на шега го затресла додека актерот се смеел и ја прегрнувал.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Снежни радости – Симпатична ситуација во Истанбул: Го запреле автомобилот и излегле да играат снежни топки со децата

Во Истанбул изминативе неколку дена непрекинато паѓа снег, што воодушевил голем дел од граѓаните на …