(ВИДЕО) ЕДНОСТАВЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ: Брзо се подготвува, а ќе уживате во вкусот


Подгответе се за чоколадна магија што се топи во устата…
Потребно е:
3 јајца
100 г шеќер
30 мл масло
100 г брашно
1 лажица гриз
1 прашок за пециво
400 мл млеко
2 лажици шеќер
50 г чоколадо
коцка путер
1 полна лажица какао и малку рум по желба
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете брашно и гриз со прашок за пециво и масло. Израмнете сè. Додадете го млекото и добро полека измешајте. Истурете во обложен плех со должина 30 x 25 см.
Печете 30 минути на 200 степени C. Додека се пече колачот, сварете го млекото, додадете шеќер по желба, изматено какао со млако млеко и чоколадо. Додадете путер и сè варете 5-6 минути. Исечете го ипечениот колач на коцки и прелијте го со кремот.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …