(ВИДЕО) Брзо и лесно се подготвува – Едноставно, кремасто и вкусно: Сладолед колач е десерт во кој многумина ќе уживаат


Ако ги сакате десертите, но не можете да одлучите дали сакате да направите сладолед или торта, пробајте го овој десерт. Многу е лесен за подготовка, а не ви се потребни ниту посебни состојки бидејќи сите можете да ги купите на вашиот локален маркет.
Рецептот го најдовме на YouTube каналот „Home Chef“, каде што можете да најдете рецепти за различни оброци.
Состојки:
500 милилитри млеко
500 милилитри слатка павлака за шлаг
13 лажици нишесте
четири лажици шеќер
една кесичка ванилин шеќер
100 грама темно чоколадо
100 грама бело чоколадо
бисквити
малку млеко за бисквитите


Подготовка:
Истурете ги млекото, шлагот и шеќерот во голем сад. Измешајте и одвојте мала количина за да се измеша со нишестето и ванилиниот шеќер. Добро измешајте ја смесата за да не останат грутки.
Оставете го остатокот од млекото, шеќерот и шлагот да зоврие на тивок оган. Потоа додадете ја смесата од нишесте и ванилин шеќер и варете неколку минути.
После тоа, тргнете го тенџерето од оган и поделете ја смесата на два еднакви дела. Во едната смеса додадете темно чоколадо, а во другата бело чоколадо и се добро измешајте.
Ставете пластична фолија во калапот и истурете ја прво смесата со темно чоколадо, а потоа смесата со бело чоколадо. На крај, наредете ги бисквитите што претходно сте го потопиле во млеко. Оставете го десертот да се лади најмалку два часа во замрзнувач или фрижидер, потоа превртете го десертот на плехот и исечете го во посакуваните форми.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …