Важен минерал – Која форма на магнезиум има најмногу придобивки за вашето здравје: Неопходен е за здравјето на срцето, коските и мозокот

Магнезиумот е често занемарен минерал, кој е клучен за повеќе од 300 ензимски процеси во телото.
Магнезиумот е гориво за мускулите, но и сојузник во борбата против стресот и неопходен за здравјето на срцето, коските и мозокот. Сепак, постојат неколку различни форми на магнезиум, од кои секоја има специфични придобивки.

Имено, доколку сакате магнезиум кој брзо ќе се апсорбира и ќе го стимулира варењето, магнезиум цитратот е најдобриот избор. Идеален е за луѓе кои патат од повремен запек бидејќи има благо лаксативно дејство и обезбедува здраво ниво на енергија. Спортистите често го користат бидејќи помага да се спречат мускулни грчеви и замор.


За луѓето кои се борат со стрес, анксиозност или несоница, магнезиум бисглицинат е најдобриот избор. Оваа форма на магнезиум е врзана за аминокиселината глицин, што значи дека влијае на нервниот систем, помага да се релаксираат мускулите и го подобрува квалитетот на сонот.

Магнезиум глицинат е идеален избор за луѓе кои сакаат да го подобрат сонот и да го намалат стресот. Се врзува за аминокиселината глицин и има висока биорасположивост и лесно се апсорбира. Освен што помага при несоница и анксиозност, глицинатот е нежен за желудникот и не предизвикува дигестивни проблеми, што го прави погоден за долготрајна употреба. Помага и при менструални болки.


Ако се чувствувате постојано исцрпени, магнезиум малат може да биде потенцијално решение. Оваа форма содржи јаболкова киселина, која учествува во производството на енергија во клетките, а често се препорачува за луѓе со хроничен замор и фибромијалгија бидејќи помага да се намали болката во мускулите и да се врати изгубената сила на телото.


Ако сте загрижени за здравјето на срцето, магнезиум таурат е вистинскиот избор. Таурин, амино киселина, е поврзана со оваа форма на магнезиум и помага во регулирање на крвниот притисок, стабилизирање на отчукувањата на срцето и поддршка на кардиоваскуларниот систем.

Магнезиум треонат е идеален избор за луѓе кои сакаат да ја подобрат когнитивната функција и да го заштитат својот мозок од стареење. Оваа форма на магнезиум ја преминува крвно-мозочната бариера и има многу придобивки за меморијата, фокусот и менталната јасност. Се препорачува за луѓе кои сакаат да го подобрат учењето и да го спречат когнитивниот пад поврзан со возраста.

Дополнително, иако магнезиум оксидот е една од најчестите и најевтините форми на пазарот, неговата апсорпција не е најдобра. Најчесто се користи за ублажување на киселини и дигестивни проблеми, но не е идеален ако барате посилен ефект врз нивото на магнезиум во телото. Ако ви треба брз и удобен начин да добиете магнезиум, тој може да работи, но за долгорочни придобивки, подобро е да изберете други форми.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Луѓето кои страдаат од депресија се повеќе склони кон овие болести

Покрај неговото влијание врз емоциите и стресот, грижата за вашето ментално здравје може да има …