Сигурни знаци дека сте повеќе од пријатели!


Долго време сте биле пријатели, разговарате еден со друг, па дури и со него излегувате и кој ви се допаѓа. И одеднаш, се случува, настапува таа промена а да не сте ја сфатиле.Вашето пријателство добива нова форма и изгледа се’ повеќе и повеќе како романтична врска. Но, всушност, никако да сте во врски, бидејќи не сте сигурни дали тој/таа чувствува повеќе од пријателство кон вас?

Ова се сигурни знаци дека во вас гледа повеќе од пријател.


Вашите пријатели почнуават да ве зафркаваат
Одеднаш, секој пат кога сте заедно во друштво,некој од вашите заеднички пријатели во шега вели колку би изгледале како еден супер пар заедно, колку сте слични?
Многу е можно вашите пријатели да ја забележат оваа искра меѓу вас, дури и пред да сте
сте сфатиле што се случува!

Секој ден се слушате, најчесто пред спиење
Од никаде, пред да забележите, вие двајца сте почнале да се слушате секој ден? И тоа се долги разговори, зборувате „за ништо и за сè”, и тајно уживате во тоа. Зборувате за тоа како сте го минале денот, што правиш во тој момент…
Со текот на времето,почнувате едвај да ги чекате овие разговори со вашиот „пријател”, а денот минат без него е едноставно губење на време.


Спонтано еден на друг си давате прекари
Несвесно сте почнале да си „гугугате“ еден на друг, како од шега. И двајцата тоа сега го забележувате, но молчите, на оној другиот да не му биде непријатно. Едноставно, се „истопувате“ секој пат кога ќе ве нарече со нов прекар со кој ве вика само тој/таа.

Прегратка наместо „дај пет“
Без оглед на тоа дали заедно гледате натпревар или филм во кино, шетате во парк или нешто друго, но она некогашно „дај пет“ и слични ортачки фори незабележливо преминале во понежно држење за рака, „прегратки божем случајни“, седење во скут. Со тек на времето ќе прераснат и во подолги прегратки кои неизбежно водат кон првиот бакнеж во чело, а потоа и оној „вистински“ бакнеж – бидејќи, на сите веќе одамна им е јасно дека не сте само пријатели.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тврди психолог – Овие навики го саботираат вашиот љубовен живот: Тие често настануваат од претходни искуства

Обидот да се разбере и дефинира љубовта честопати изгледа како комплицирана игра, а психологот Марк …