Сеќавање: 25 години без нашиот познат актер Игор Маџиров

Игор Маџиров е роден во 1970 година во Струмица. Тој беше еден од најталентираните и најхаризматичните актери во Македонија. Познат по улогите од серијалот „Во светот на бајките” во кои го глумеше „Малиот Петар”, „Петар Гаван”, улогата во „Пред дождот”, но и многуте улоги во Театарот за деца и младинци.

Меѓу 60-ина кандидати режисерот Милчо Манчевски му ја доделил улогата на Стојан во најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“, кандидат за највисоката холивудска филмска награда Оскар. Јавноста го памети Маџиров како актерот со црвена коса, Могли – детето од џунглата, а првата улога како седумгодишно дете ја добил во филмскиот серијал „Белото циганче“.


Претставата „Убавицата и ѕверот“ во Театарот за деца и млади беше последна за него, кога својата улога ја одиграл само осум часа пред неговата смрт. Во Театарот за деца и младинци во периодот од 1993 до 2000 година Маџиров одиграл над 500 претстави.

Починал во Скопје на 20 февруари 2000 година.


Детето со прекрасна црвена коса, иако прерано не напушти, никогаш нема да не напуштат убавите чувства што сеќавањето на него ни ги пробудува.

 


 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Познатиот актер имал 30 скршени коски, му колабирале белите дробови, а сите мислеле дека е МРТОВ ЧОВЕК! Но, тој ја ИЗМАМИ СМРТТА и си најде нова љубов, 28 ГОДИНИ ПОМЛАДА!

– Актерот Џереми Ренер едвај преживеа тешка несреќа и започнал нова врска… – Излегувал со …