Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат актер Бранко Ѓорчев

Бранко Ѓорчев е роден во Неготино на 23 јуни 1962 година. Тој беше македонски театарски и филмски глумец. Бил директор на Драмски театар – Скопје во периодот од 2006 до 2013 година.

Дипломирал во 1986 година на Факултет за драмски уметности на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како глумец во Драмски театар Скопје.


Извршувал голем број на општествени функции:

  • Директор на Драмски театар од 2006,
  • 2000 – 2002, Уметнички директор на Драмски театар, Скопје, Р Македонија
  • 2000 до 2002, Основач на Културен центар Квартет, Скопје,
  • 1997, Основач и директор на театар Бабилон, Скопје
  • 1997, Член на Советот на Македонскиот театарски фестивал ” Војдан Чернодрински”- Прилеп,
  • Член на Совет на Млад Отворен Театар, Скопје,
  • Член на уметнички совет на Драмски театар, Скопје, Р Македонија,
  • Член на театарски совет на Драмски театар Скопје, Р Македонија,
  • Почесен член на клубот на оратори при Правен факултет ”Јустинијан Втори” при Универзитетот “Кирил и Методиј”, Скопје , Р Македонија.
  • Демонстратор и предавач на Правен факултет по реторика и ораторство во рамките на предметот Римско право, кај професор Мими Поленак, Правен факултет “Јустинијан Втори”, Универзитет ” Кирил и Методиј”, Скопје.

Добитник е на следните награди:


  • „Златна маска“ за најдобро глумечко остварување на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Мефисто во претставата „Мефисто“, Вечер, 2000;
  • Наградата за најдобар глумец за 1990 во Македонија, за улогата на Фред во претставата „Спасени“, ревија „Екран“ 1990.
  • Награда за епизодна машка улога „Димче Трајковски” 2009
  • „Св.Климент Охридски“ за 2012 година за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

Починал по тешка борба со ракот на 24 февруари 2013 година во Скопје.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Фатен во кадар – Харисон Форд го прекинал говорот на својата колешка на доделувањето на SAG наградите поради чипс, таа се смеела и му викала

Џесика Вилијамс разиграно го искарала Харисон Форд, нејзиниот колега од „Shrinking“, откако тој го прекинал …