(ВИДЕО) Рок-иконата Дани Димитровска го претставува својот најнов сингл „Заедно”


Рок-иконата Дани Димитровска го претставува својот најнов сингл „Заедно”, композиција што проговорува за потребата од промена, доверба и заедништво. Песната носи моќна порака за нов почеток и потсетува дека напредокот е можен само кога веруваме – и во себе, и еден во друг.

„Заедно” ја истакнува идејата дека секој човек има значајна улога во светот што го градиме. Со топол и емотивен тон, синглот нагласува дека не сме сами во предизвиците и дека секој наш избор придонесува кон колективната енергија и насока.


Рефренот „Во ова сме заедно, заедно взаемно” внесува чувство на близина и споделена сила, додека англискиот дел „In love we trust, to love we pray” додава духовна димензија која оставa траен впечаток.

Новата песна е обоена со препознатливата енергија на Дани Димитровска, која и овој пат успева да донесе свежина, автентичност и силен емоционален набој.


Автор на текстот и музиката е Весна Малинова, додека аранжманот и продукцијата ги потпишува Јордан Манов, создавајќи современа и впечатлива звучна слика.

„Заедно” е инспиративна музичка порака за обединување, поддршка и верба – тема која силно резонира во времето во кое живееме.


Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …