(Рецепт) Малку поинаква верзија на баклава: Дали сте пробале пита Сандокан?

Питата Сандокан е десерт сличен на баклавата, но поради нејзината главна состојка – афионот, често ја споредуваат со штрудла. Ако сакате семе од афион, пробајте го овој рецепт во прва прилика.
Иако точното потекло на името на овој рецепт е непознато, некои луѓе веруваат дека тој едноставно е именуван по измислениот пиратски лик Сандокан од истоимената серија, чија премиера беше прикажана во јануари 1976 година.
Состојки:
350 грама кори за баклава
250 грама мелено семе од афион
250 гр шеќер
три јајца
една кесичка ванилин шеќер
една кесичка прашок за пециво
180 милилитри јогурт со 2,8 проценти млечни масти
180 милилитри масло
Состојки за шербет:
400 грама шеќер
400 милилитри вода
еден лимон
Ќе ви треба и масло или растопен путер за премачкување и една жолчка.

Подготовка:
Прво подгответе го шербетот така што ќе ги зовриете шеќерот и водата на тивок оган. Кога шеќерот ќе се раствори и имате сируп, тргнете го тенџерето од оган и додадете го исцедениот сок од лимон и оставете да се излади. Во еден сад измешајте ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, афионот, маслото и јогуртот.


Овој десерт можете да го подготвите на два начина. Доколку сакате ролати како на фотографијата, корите ќе треба да ги наредите на работна површина, па да ги завиткате и да ги наредите во сад за печење. Меѓутоа, доколку сакате поедноставни начини на подготовка, наредете ги корите и другите смеси директно во намрсена тава за печење.

Ставете една јуфка на дното, премачкајте со малку растопен путер (или масло), потоа ставете уште една јуфка и повторно намачкајте со малку путер. Потоа премачкајте со дел од смесата со афион и покријте со две јуфки кои исто така ќе ги премачкате со малку путер. Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите состојки.


Последниот слој тесто премачкајте го со изматена жолчка и исечете го колачот во саканите форми. Се пече во рерна околу 20 минути на температура од 200 степени. Откако ќе се испече, извадете го од рерна и веднаш прелијте со ладен шербет. Оставете да го впие сирупот и да се излади.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Онисим

Светиот апостол Онисим Еден од Седумдесеттемина. Му беше роб на Филимон, човек богат и угледен …