„Прилепски млади виртуози“ – вечер на класична музика


Вечерва во храмот Св. Петка во Прилеп, со почеток во 19:00 часот, ќе имате можност да уживате во концертот насловен како „Прилепски млади виртуози“.

Овој концерт е уникатна прилика да се слушнат на едно место дел од најдобрите студенти кои студираат во земјата и странство, средношколци од музичките училишта во Македонија, како и ученици од основното музичко училиште во Прилеп. Во акустичниот амбиент на храмот Св. Петка, нивните изведби ќе го исполнат просторот со звуци на хармонија и убавина.


Преку вашето присуство, ќе им дадеме поддршка на овие млади таленти пред почетокот на новата школска година и ќе покажеме дека како заедница ги вреднуваме и негуваме нивните дарби. Овој концерт го гледаме како почеток на една нова традиција, која ќе се повторува секоја година и ќе ни овозможи да бидеме сведоци на нивниот раст и успех.

Ве очекуваме да бидете дел од овој музички настан и заедно да ја оддадеме почитта која нашите млади виртуози ја заслужуваат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Twinless“ со Дилан О’Брајан: филм за идентитетот, вината и емоционалната празнина

Ако сте расположени за нешто поинакво, духовито и емотивно вознемирувачко, „Twinless“ е филм што вреди …

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */