Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

„Ајде фестивалот“, во организација на општина Аеродром, а чиј покровител е Хајделберг факултетот во Скопје, вечерва ќе го има своето прво издание со почеток од 20 часот во паркот „Васко Карангелевски“. Настанот ќе изобилува со забава, едукативни и хуманитарни содржини.

За одлична забава на присутните ќе бидат задолжени DJ Goce (SAF), Пајак, Blackhole band, DJ Tina, Music Lab Concert и Ivan Ajnstajn.


На музичкиот дел му претходат неколку едукативни настани во организација на Хајделберг Факултетот во Скопје.

Од 16 часот во просториите на Факултет ќе се одржи едукативно – информaтивниот настан  “Прашај го Цајтел! #ГЕРМАНИЈА_ДОМА! ” – информативен состанок и дружење со претседателот на Управен одбор на Хајделберг Факултетот во Скопје, проф.д-р Улрих Цајтел и идните студенти и нивните родители.


Покрај дружбата, присутните студенти ќе имаат можност да се пријават и за учество на “Хакатон за вешти умови” којшто ќе се одржи во месец септември и ќе има за цел пријавените студенти да покажат што знаат преку дружба, смеа и позитивна енергија и да научат многу нови работи. Ќе учествуваат 12 натпреварувачи, 6 од областа на Податоци и компјутерски науки и 6 од областа на Бизнис администрација – банкарство, осигурување и контролинг.

Од 18 часот ќе започне „Хајделберг саем за млади и компании“ кој претставува своевидна платформа каде присутните ќе имаат можност да се информираат за идни можни вработувања, како и да ги запознаат производите и услугите кои присутните компании ги нудат на таа популација.


Фестивалот е инклузивен и хуманитарен, во него учество ќе земат и здруженијата “ВО МОЈ СВЕТ” и АЦТ фондација и ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ.МК, но и Општина Аеродром кој безрезервно дадоа своја поддршка кон афирмација на овој уникатен фестивал.

Во понудата на фестивалот вклучено е и одлично домашно крафт пиво од Темов и германска традиционална кујна како би понудиле на гостите едно поинакво гурманско доживување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на литвански филмови во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм вечерва во Кинотека

Вечерва во рамките на четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм, во Кинотека …