*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Некои луѓе едноставно го имаат „тоа нешто“ – само еднаш ќе те погледнат и веќе знаат дали си посреќен кога врне, дали криеш скршено срце или едноставно си гладен. Иако би сакале да веруваме дека сме мистериозни, овие хороскопски знаци нè читаат како отворена книга.
Па, кои се овие знаци што би можеле да се вработат како детективи или психолози? Еве ги четирите најдобри аналитичари на Зодијакот.
Девица
Девиците не набљудуваат – тие скенираат. Тие ќе забележат како сте го засукале ракавот од кошулата и ќе заклучат што тоа кажува за вашата личност. Нивниот мозок никогаш не мирува, а своите аналитички вештини ги користат подеднакво и на работа и во приватниот живот. Ако лажете – таа знае.
Скорпија
Не обидувајте се да глумите пред Скорпија. Нивниот поглед продира длабоко, а интуицијата ги води директно до сржта на вашите емоции. Скорпиите се познати по тоа што ја „намирисуваат“ вистината, и ако почувствуваат дека криете нешто, нема да ве пуштат додека не дознаат сè. Замислете ги како приватни истражители на срцето.
Јарец
Јарецот е како оној пријател кој ве гледа, крева веѓа и вели: „Знам што се обидуваш да направиш – не мора ни да го кажеш тоа“. Тие се неми набљудувачи, но снимаат сè. Тие не осудуваат веднаш, но откако ќе ја состават својата анализа – тешко дека ќе ги разубедите.
Близнаци
Близнаците ги читаат луѓето со брзината со која ги менуваат темите на разговор – молскавично брзо! Нивната способност да се прилагодат на различни личности им дава неверојатен увид во мислите и мотивите на другите луѓе. Тие знаат кој лаже, кој флертува, кој само се преправа дека е самоуверен – и уживаат во дешифрирањето на тоа.
Фото: Архива