Познатиот холивудски пар, Хју Џекмен и Сатон Фостер, изгледаат позаљубени од кога било, и покрај сомнежите што ги има неговата поранешна сопруга Дебора-Ли Фурнес.
Според извори блиски до парот, Џекмен и Фостер се „лудо заљубени“ иако се уште не живеат заедно, поминуваат многу време заедно и со задоволство ја потврдиле својата врска.
Актерите се запознале додека работеле на Бродвеј во 2022 година, глумејќи заедно во претставата „The Music Man“. Во тоа време и двајцата се уште биле во брак, но нивното пријателство се претворило во нешто повеќе.
Својата врска официјално ја потврдија на почетокот на јануари оваа година, откако заедно поминале романтична вечер во Лос Анџелес. Како што открил изворот, Џекмен и Фостер се познаваат долги години, па не им било тешко да преминат во следната фаза од нивната врска кога таа станала сериозна.
Сепак, поранешната сопруга на Џекмен, Дебора-Ли Фурнес, се сомнева во оваа нова љубовна приказна. Актерката, која беше во брак со Џекмен 27 години, верува дека нивната врска би можела да биде минлива и предвидува дека ќе заврши за една година.
Според нејзиното мислење, сето тоа е само резултат на неговата „средовечна криза“. Извор близок до Дебора-Ли открил дека таа верува дека Џекмен на крајот ќе го изгуби интересот за Фостер и дека страста што ја чувствува сега ќе избледи, исто како што често се случува во врските по првичната возбуда.
Иако Дебора-Ли не го дели оптимизмот на нејзиниот поранешен сопруг за неговата нова партнерка, таа и понатаму е загрижена за неговата емоционална стабилност, верувајќи дека тој ќе бара од Фостер емоционалната поддршка што таа некогаш ја пружала.
Хју Џекмен и Дебора-Ли се запознале во 1995 година во австралиското ТВ шоу Correlli, кога Џекмен бил млад актер кој штотуку ја започнал својата кариера. Само четири месеци по средбата, Џекмен ја запросил Фирнес, а набргу потоа тој тврдел дека знаел дека ќе бидат заедно до крајот на животот.
Тие се венчале во 1996 година во Мелбурн, а семејството го прошириле во 2000 година посвојувајќи го синот Оскар, а во 2005 година ја посвоиле и ќерката Ава.
Фото: Архива/монтажа