Подготвени сте за Руски поларен студ? Од среда (19 февруари) па натаму исклучително ладно време, наутро и до -15 степени!

Почнувајќи од среда (19 февруари) па се до крајот на седмицата ќе бидеме под влијание на многу ладен Руски бран и истиот ќе условува исклучително ладно и претежно ведро време, што значи дека ладниот воздух ќе биде проследен со суво време и без врнежи од снег.

Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата и ќе има појава на силен мраз, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, локално и под -10 степени, додека особено во Беровскиот регион, повисоките населени и планински места, секако и на Скијачките центри температурата ќе се спушти и до -15 степени.


Максималните дневни температури пак за време на овој многу ладен Руски бран ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.

Во Скопскиот регион наутро температурите за време на овој ладен Руски бран ќе се спуштаат до околу -7/-8 степени, додека максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 4/5 степени.


Да напоменам дека за време на овој многу ладен бран, наутро температурите локално не се исклучува можноста да се спуштат дури и под -15 степени.

Метео прогноза на Славчо Попоски


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Остана само уште еден ден ден за пријавување на дела за конкурсот Trash for Art 2025

Рокот за пријавување на дела за конкурсот Trash for Art 2025 истекува утре Остана само …