ПОЧИНАЛ ПОЗНАТ АКТЕР: Божик го поминал со семејството, па починал во сон…


Божик го поминал со синот, снаата и животната сопатничка, а потоа починал во сон.
Дик Капри, комичар и актер, починал на 93-годишна возраст.
Капри го поминал минатиот Божик со своето семејство, а потоа подлегнал на крварењето предизвикано од зголемена аорта. Тој починал во сон во раните утрински часови во четвртокот, 26 декември, на Флорида.
„Светот денес не е толку смешен како што беше вчера“, изјавил неговиот син Џеф за TMZ, објаснувајќи дека неговиот татко бил свесен дека времето му е ограничено бидејќи аортата не може да функционира поради неговата возраст.
Божик го поминал со синот, снаата и животната сопатничка, а Дик преку видео повик се слушнал со членовите на семејството кои не биле присутни и уживал во оброкот од неговиот омилен ресторан пред неговата смрт.

Дик започнал да настапува како стенд-ап комичар во 1960-тите, настапувајќи на The Merv Griffin Show и The Ed Sullivan Show пред да започне турнеја во 1973 година со Енгелберт Хампердинк што го однела во Radio City Music Hall и други места низ светот.
Соработките со имиња како Френк Синатра, Лајза Минели и Том Џонс ја одбележаа неговата кариера, а Дик изведувал и комедија пред претседателите Џералд Форд и Џорџ Буш. Тој, исто така, учествувал во NY Friars Club Roast of Drew Carey, кој се емитувал на Comedy Central во 1998 година.
Дик се појави во слапстик комедијата од 1987 година „Тие сè уште ме викаат Брус“, во режија на Џејмс Ор и Џони Јун, пред да го направи своето деби на Бродвеј во 1991 година во Catskills во театарот Lant-Fontain.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Овие намирници треба да се избегнуваат по 40-годишна возраст: Го забавуваат метаболизмот

Со текот на годините, губењето на тежината и одржувањето на телесната тежина станува сè потешко …