Отпочнуваат активностите за реконструкција на поранешниот Дом на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со премиерот Христијан Мицковски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски присуствуваше на настанот по повод отпочнување на активностите за реонструкцијата на поранешниот Дом на културата „11 Октомври“ во населба Ченто.

„На задоволство на граѓаните, а како резултат на одличната соработка меѓу централната и локалната власт во наредните 18 месеци, објектот кој со децении беше препуштен на забот на времето, за прв пат, ќе биде целосно реконструиран и саниран. За таа цел, од програмата на Владата за инфраструктурни проекти од областа на културата обезбедивме 84 милиони денари“, рече Љутков.


Реконструираниот Дом на културата ќе се простира на 1000 метри квадратни, ќе биде на три нивоа, ќе има галерија, фоаје, гардеорби, сцени, гледалиште за 180 гледачи, помошни простории, лифт за лица со посебни потреби и ќе биде енергетски ефикасен.

Според Љутов реконструкцијата на културниот дом ќе биде значаен чекор за обновување на културната инфраструктура каде во иднина ќе се реализираат театарски претстави, кино проекции и други настани кои ќе го збогатат културниот живот не само на жителите на Ченто, туку и на Општина Гази Баба.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот научник, академик и професор од областа на физиката, техничките и компјутерските науки Љупчо Коцарев

Љупчо Коцарев е роден во на 25 февруари 1955 година во Скопје. Основно, средно и …