Новиот датум за масовното пошумување кое го организира dm e 30 ноември 2025 !


Компанијата dm drogerie markt ги известува сите пријавени лица дека одржувањето на четвртото продолжение на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ – најмасовната акција за пошумување досега, наместо на 23 ноември се одложува за 30 ноември 2025.

Следејќи ги временските услови, сѐ со цел спроведување на безбедна и успешна акција, компанијата е во постојан тек со сите актуелни информации поврзани со условите на теренот за садење. Поради тоа, со особено внимание информира дека датумот за спроведувањето на акцијата може да претрпи и дополнителни промени.


Целта на акцијата за пошумување останува иста –  ќе се засадат дури 50.000 нови стебла, а вкупниот број од почетокот на проектот ќе достигне импресивни 150.000 засадени дрвја. Со оваа акција, се направи уште еден голем чекор кон позелено утре за сите.

Важно: локацијата на акцијата за пошумувањето останува непроменета c.Калапетровци во околината на Штип. Детална агенда за настанот ќе добијат сите пријавени учесници на нивните e-mail адреси неколку дена пред садењето.


За сите дополнителни информации и новости активно следете ја веб-страницата на dm drogerie markt и официјалните профили на социјалните мрежи.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се празнуваат Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј

Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Последните тројца се спомнуваат и на друго место, и тоа: …