МСУ Водич со Бојана Јанева, отворање на изложба и матине со диџеј сет на Нино Наумов

Денес, со почеток во 12:00 часот, Музејот на современа уметност во Скопје организира МСУ Водич и Матине.

Во 12 часот кустосот водич Бојана Јанева ќе ви ги доближи трите меѓународни изложби:
• „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“
• „Војна на сетилата/војна врз сетилата“
• „Калдер: флуиден модернизам“ Изложба која ексклузивно ќе се отвори на самиот ден на матинето, во која ќе биде изложено делото на Александер Калдер од колекцијата на музејот придружено со звучна композиција на Дорит Крајслер. Крајслер е австриска композиторка која создаде звучна композициja во интеракција со придвижувањето на мобилното дело на Александер Калдер, во Музејот на модерна уметност – МоМА, Њујорк.


Од 13 часот матине дружење со диџеј сет

За најмладата публика и овој пат се организира Детско катче, каде ќе можат да цртаат потикнати и инспирирани од изложбите.


МСУ изразува благодарност кон учениците од НОВА интернационалното школо, кои помогнаа при инсталцијата на новата изложба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „Лицето му е позатегнато од ТАПАН, наскоро нема да може ни да трепне“: Бред Пит е мета на потсмев, фановите тврдат дека ПОЗНАТИОТ АКТЕР претерал со ботокс

Познатиот актер Бред Пит со години важи за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд. Иако …