Македонскиот долгометражен филм ,,Мими” на режисерот Даријан Пејовски ќе го отвори 14. Фестивал на нов балкански филм во Стокхолм

Амбасадата на Република Македонија во Шведска, со огромно задоволство ја споделуваме информацијата дека македонскиот долгометражен филм ,,Мими” на режисерот Даријан Пејовски ќе го отвори 14. Фестивал на нов балкански филм во Стокхолм.

Забележете го датумот, да го поддржиме македонскиот филм и неговата промоција во Шведска.


28.03.2025 (петок), 18:00 часот, Sandlersalen, ABF, Stockholm, Карта: 120 SEK

Филмот е снимен во 2002 година, режијата и сценариото е на Даријан Пејовски. Улогите во филмот ги толкуваат: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Владимир Петровиќ.


МИМИ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите. Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.

Оваа копродукција е втор игран филм на режисерот Пејовски, својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сребрен медал за нашата нордиска скијачка Бајрамоска

Огромен успех оствари нашата нордиска скијачка Фатмире Бајрамоска на Зимските Специјални Олимписки игри во Торино, …