Изведба на монодрамата „Сите најубави нешта“ вечерва во КСП Центар -Јадро

Вечерва во КСП Центар -Јадро во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена монодрамата „Сите најубави нешта“.

„Сите најубави нешта“ е монодрама работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на ОХО.


Ja изведува популарниот македонски актер Игор Ангелов.

Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на растењето и на животот како возрасни.


Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на животниот список се причина за радување.

Секој од нас има своја листа на мали, но значајни нешта во животот. Понекогаш ги забораваме, дозволувајќи проблемите да нè понесат… но токму оваа претстава нè потсетува на важноста на малите моменти, на луѓето околу нас, на разговорите што можат да спасат живот.


„Сите најубави нешта“ со Игор Ангелов е интерактивно, емотивно и моќно театарско искуство – приказна за животот, за кревкоста и за борбата.

Претставата доби прва награда од публика на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа 21-25 мај 2024 во Битола.

Претставата се препорачува за лица над 18 години.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Познатиот актер имал 30 скршени коски, му колабирале белите дробови, а сите мислеле дека е МРТОВ ЧОВЕК! Но, тој ја ИЗМАМИ СМРТТА и си најде нова љубов, 28 ГОДИНИ ПОМЛАДА!

– Актерот Џереми Ренер едвај преживеа тешка несреќа и започнал нова врска… – Излегувал со …