Истрагата продолжува – Пејсмејкерот на Џин Хекман престанал да работи девет дена пред да биде пронајден мртов

Пејсмејкерот на Џин Хекман престанал да работи девет дена пред да биде пронајдено неговото безживотно тело, потврдиле властите.
„Извршена е првичната анализа на пејсмејкерот на Џин Хекман. Последен пат работел на 17 февруари 2025 година. Информиран сум дека подеталната истрага ќе биде завршена наскоро“, рекол шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза на прес-конференција.
Мендоза, исто така, открил дека не е откриен јаглерод моноксид во безживотните тела на Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава. Официјалната причина за смртта допрва треба да се утврди.
Портпаролот на канцеларијата на шерифот претходно за Page Six изјавил дека не веруваат дека се случила некаква криминална активност, но дека ништо не е исклучено. Нивната смрт е класифицирана како сомнителна.


Двократниот оскаровец минатиот месец наполни 95 години. Неговиот последен филм „Добредојдовте во Муспорт“ е снимен во 2004 година. Оттогаш, тој ретко се појавуваше во јавноста.
Потоа се преселил од Лос Анџелес во Ново Мексико. Одлуката да го напушти светот на филмот ја донел поради стрес и проблеми со срцето.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) По Инстаграм на Јелена Карлеуша и е затворен и профилот на TikTok

ТикТок профилот на ЈЕЛЕНА Карлеуша, кој неодамна го отворила, е затворен. На социјалните мрежи е …