Иновативно и национално:Во вторник во Демир Капија стартува нов џез фестивал


Градот на виното, Демир Капија, во вторник ќе биде домаќин на едно ново Џез случување (џез фестивал) во Р.Македонија, кое ќе прерасне во една голема традиција.
После JAZZ FESTIVAL KUMANOVO, Институтот за наука, уметност, култура и спорт, заедно со Министерството за култура – манифестацијата „Млади европејци“ и Royal Winery Queen Maria од Демир Капија, одлучиле да организираат џез фестивал и затоа јавно покануваат на 18.12.2018 вторник на џез фестивал во Демир Капија, во најстарата винарија Queen Maria.


Ќе настапат македонски ЏЕЗ изведувачи, а целта е да бидат промовирани македонските џез изведувачи и музика:
– THE QUARTET
– EQUINOX
– KABADAYAS
– FILIP STEVANOVSKI BAND

Доколку сте заинтересирани за овој настан ве информираме дека ќе има организиран БЕСПЛАТЕН превоз од ШТИП, КАВАДАРЦИ и НЕГОТИНО.
Ваше е само да се јавите на 078424980 (за ШТИП) и 070358200 (за Неготино и Кавадарци) и да го резервирате вашето место.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Жељко Бебек го слави својот 80-ти роденден, неговата сопруга му упатила емотивна честитка

Босанскиот музичар Жељко Бебек денес го слави својот 80-ти роденден. Пејачот добил посебна честитка од …