Фотографија од постар маж кој носи транспарент со симболи на хемиски елементи на протестите во Белград ги освои социјалните мрежи.
Тој напиша Ne, He, Be, Mo, Hg, Si, Lu, со што испратил хумористична порака: „Ние не хе*емо жива сила“. Многумина неговиот потег го нарекле генијален.
„Одамна немало подобар транспарент“, „Поклонете се до подот за легендата“, „Каков крал. Оние кои не се оптоварени со интелигенција никогаш не можат да го прочитаат ‘ребусот’“, „Честитки до него за оваа идеја“, се некои од реакциите на X.
Ovaj profesor je sve ⛽️ pic.twitter.com/PpckFpaEh4
— Kristal Met Dejmon (@i_cirkovic) July 1, 2025
Да потсетиме дека во саботата во Белград се одржаа големи протести кои завршија со насилство. Десетици луѓе беа повредени, а речиси исто толку беа уапсени. Многу локации во градот се уште се блокирани.
Српската пејачка Марија Микиќ се обидела со својот автомобил да ја „пробие“ блокадата на Бежанијска Коса во Белград.
Како што може да се види на видеото, таа продолжи да вози и покрај контејнерите што биле поставени таму. Чуварите ја вратиле назад, по што таа се скарала со нив.
Многумина ја обвинија дека е „чачи“. Потоа таа изјави на Инстаграм дека отишла да ги земе децата, кои биле со дадилката.
Фото: Принтскрин/X
ekran платформа за слободоумни