(ФОТО) СЕ ПРИФАТИЛА СЕБЕСИ КАКВА ШТО Е И ТВРДЕЛА ДЕКА НИКОГАШ НЕМА ДА МОЖЕ ДА БИДЕ СЛАБА: Сега се појавила со 45 килограми помалку и сите се во шок!


Познатата актерка ги воодушевила сите со својот настап во популарното шоу и покажала завидна трансформација.
Актерката Мелиса Мекарти се појавила како водителка на „Saturday Night Live“ и ги воодушевила сите со својата трансформација. Иако порано секогаш велела дека „никогаш нема да може да биде слаба“, сега се појавила со 45 килограми помалку.
Овие наводи не се потврдени, но се претпоставува дека популарниот лек за слабеење, Оземпик, ѝ помогнал на актерката во овој процес.
Мелиса блеснала во црн комплет и покажала неверојатен изглед што го забележале и фановите на социјалните мрежи, па коментарите набрзо почнаа да се редат.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Saturday Night Live (@nbcsnl)


„Изгледа неверојатно“, „Одлична си“, „Секогаш беше убава и забавна, а сега е пожешка од кога било“, беа некои од коментарите.
Мелиса Мекарти, исто така, зборувала за нејзината борба со тежината за време на нејзината кариера, но и за фактот дека научила да се сака себеси.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melissa McCarthy (@melissamccarthy)

„Добро сум со тоа што сум. И ако некој не бил воодушевен од тоа, и тоа е во ред. Во еден момент помислив дека нема да ме сакаат сите и дека ќе морам да го научам тоа на тешкиот начин, но тоа е добра лекција“, рекла таа еднаш.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Битолски театар и Бабец театарот ја воодушевија публиката во Шведска

Екипата на Битолскиот театар со претставата ,,Ако останеш дома” по мотиви на Карој Сакони и …