Принцот Вилијам планира целосно да изолира двајца блиски роднини од кралските настани…
Принцот Вилијам е решен трајно да ги прекине сите јавни врски со одредени членови на британското кралско семејство.
Според истрага објавена од „The Sunday Times“, принцот Вилијам како иден крал на Велика Британија има намера целосно да го исклучи својот чичко Ендрју од кралскиот живот, вклучително и од церемонијата на крунисување. Ендрју, братот на кралот Чарлс III, е вмешан во еден од најконтроверзните скандали во поновата историја на британската монархија. Одлуката на принцот Вилијам означува пресвртница во начинот на кој британското кралско семејство се справува со непријатното наследство на поранешниот војвода од Јорк, чии врски со Џефри Епштајн продолжуваат да го нарушуваат угледот на институцијата.
View this post on Instagram
Принцот од Велс наводно бил консултиран кога неговиот татко, кралот Чарлс III, решил да му ги одземе титулите и почестите на својот брат Ендру. Но, изворите велат дека Вилијам не бил задоволен од компромисот. Тој верува дека присуството на неговиот чичко на официјални настани „претставува огромен ризик за репутацијата“ и би испратило погрешна порака до жртвите на сексуална злоупотреба.
„Принцот Вилијам го гледа принцот Ендрју како закана и дамка на монархијата. Тој е решен да го држи подалеку од секој кралски настан, вклучително и неговото сопствено крунисување“, изјавил семеен извор за британските медиуми.
Се очекува истата судбина да ја снајде и Сара Фергусон, поранешната сопруга на Ендрју, која остана покрај него и покрај скандалите. Според извештаите, идниот крал планира повеќе да не ја поканува на официјални кралски настани.
View this post on Instagram
Принцот Ендрју е сè повеќе изолиран
Принцот Ендру, 65, ги загубил своите титули по обвинувањата за вмешаност во мрежа за трговија со луѓе што ја водел Џефри Епштајн. Иако постојано ги негира сите обвинувања, неговиот углед е нарушен од тужбата поднесена од Вирџинија Џуфре, жена која го обвинилаа дека сексуално ја злоупотребувал кога била малолетничка. Случајот бил решен надвор од судот во 2022 година за околу 12 милиони долари.
Ендрју неодамна изјавил дека решил да „ја стави должноста кон семејството и земјата пред сè“, признавајќи дека обвинувањата против него „го одвлекуваат вниманието од работата на кралот и кралското семејство“. Сепак, тој инсистира дека е невин и дека не бил вмешан во наводните злосторства. Во медиумите се појавија нови детали дека властите истражуваат епизода од 2011 година кога принцот Ендрју наводно побарал од обезбедување да побара класифицирани информации за Вирџинија Џуфре. Скандалот се врати во центарот на вниманието по смртта на жената во април 2025 година на 41-годишна возраст.
View this post on Instagram
Доаѓа нова кралска ера
Принцот Вилијам веќе го гради својот профил како современ монарх кој не ги простува грешките од минатото. Според неговата визија, монархијата мора да се прилагоди на современите вредности и да испрати јасна порака за интегритет. Исклучувањето на Ендрју од крунисувањето би бил најсилниот сигнал досега дека идниот крал не толерира морален компромис, дури ни во рамките на сопственото семејство.
„За принцот Вилијам, приоритет е кредибилитетот на Круната. Ова не е само личен скандал, туку и имиџ на институцијата“, коментирал кралски аналитичар за Page Six. Доколку одлуката биде официјално потврдена, принцот Ендрју би бил првиот член на британското кралско семејство кој експлицитно ќе биде исклучен од крунисувањето, што е историски преседан во монархијата која се обидува, чекор по чекор, да го врати својот углед.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни