Такер Џанал имал околу 2,5 милиони следбеници на ТикТок, каде што бил познат по своите хумористични скечеви и разни предизвици што редовно ги објавувал.
Ѕвездата на ТикТок, Такер Џенал, починал на 31-годишна возраст. Неговото тело е пронајдено во неговиот дом во Калифорнија во четврток. Според лекарот од канцеларијата за обдукција во Лос Анџелес, Џенал извршил самоубиство.
Успешна кариера во социјалните медиуми
Такер Џанал имал околу 2,5 милиони следбеници на ТикТок, каде што бил познат по своите хумористични скечеви и разни предизвици што редовно ги објавувал. Неговата содржина му донесе голема популарност и лојална публика.
Трогателна порака од братот
Неговиот брат Карсон се збогувал со него со емотивна порака на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Не знам ни од каде да почнам. Ти беше мој најдобар пријател и уште подобар постар брат. Цел живот те почитував како модел и се обидував да ги следам твоите стапки затоа што отсекогаш беше мој херој. Едно знам сигурно – ќе го поминам остатокот од мојот живот почитувајќи те, додека не се сретнеме повторно. Ти беше најљубезната личност што некогаш сум ја запознал и најдобриот брат што некој може да го посака“, напишал Карсон.

Последна објава пред смртта
Само неколку дена пред неговата смрт, Џенал објавил фотографија со празнична тема на Инстаграм. На сликата, тој насмеано седи во скутот на Дедо Мраз заедно со својот пријател Шон Шат. Фотографијата првично беше објавена на профилот на Шат, а Џенал потоа ја споделил на својот профил.
Шат, исто така корисник на ТикТок познат по своите скечеви, напишал во описот на објавата: „Чувствувајќи го божиќниот дух од глава до пети“.
View this post on Instagram
Збогум на најдобриот пријател
Шон Шат го опишал Такер Џенал како свој најдобар пријател на светот.
„Не знам каде би бил без тебе, пријателе мој. Ми даде живот. Ми покажа колку може да биде прекрасен животот. Благословен сум што те имам во мојот живот. Ќе го ценам секој момент и секое сеќавање што го споделивме заедно. Ти благодарам што секогаш беше тука за мене кога не знаев каде да се свртам“, напишал тој на Инстаграм.
Фото: Принтскрин/Instagram – tuckergenal
ekran платформа за слободоумни