Кетрин Зита-Џонс била во центарот на вниманието со причина кога се појавила во предизвикувачко издание и покажала витка фигура во својата шеста деценија.
Холивудската ѕвезда Кетрин Зита-Џонс на настанот организиран по повод хит серијата „Среда“ во која ја игра Мортиша Адамс се појавила во неверојатно издание и навистина е тешко да се поверува дека има 56 години.
Нејзиното провокативно издание привлекло огромно внимание, а зошто да не и кога се појавила во чипкаст мини фустан кој ја истакнувал нејзината заводлива, витка фигура во шестата деценија.
Кетрин носела фустан со висока јака и долги ракави кои паѓале преку дланките и се ширеле, а акцентот всушност бил на нејзините неверојатно витки, затегнати нозе.
Фустанот е направен од проѕирна чипка и има подлога одоздола што дозволува да се види само мал дел од голата кожа, што јасно покажува дека таа не го следи трендот „гол фустан“.
View this post on Instagram
Интересен детаљ е розата што ја „собира“ збрчканата ткаенина во долниот дел, а актерката ова смело парче го комбинирала со црни чорапи и црни чевли со високи потпетици.
Била нашминкана во земјени тонови со акцент на очите, а нејзината долга, малку виткана коса со дебели кафеави прамени, кои и паѓаале преку рамената и совршено одговараа на овој аутфит, дошле до израз.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни