Познатиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, пред неколку дена стана татко по втор пат.
Неговата свршеница Анамарија Голтес роди девојче, а овој пат одлучиле да се породи во Словенија.
Кошаркарот сега сподели фотографија од својата ќерка и откри кое име го избрале.
– Оливија – напиша Лука едноставно со емотикон во форма на срце во описот на фотографијата од девојчето.
View this post on Instagram
Името Оливија е изведено од латинскиот „Oliverus“ што значи „маслинка“. Маслинката е симбол на надеж, па затоа името буквално значи „таа што носи надеж“.
Да потсетиме дека Лука Дончиќ и Анамарија Голтес се познаваат од детството, а нивната љубовна приказна започна во 2016 година. По неколку години врска, тие се преселија во Америка, каде што изградија заеднички живот. Лука ѝ предложи брак на Анамарија во јули 2023 година, а на крајот од истата година станаа родители на ќерка која ја крстија Габриела.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни