(ФОТО) „Лего“ град: Населбата во Украина е најживописното место за живеење


Comfort Town е посебен станбен блок во главниот град на Украина, а необичната населба привлекува внимание поради дизајнот инспириран од Лего коцките. Иако е дел од Киев, поради својата изолација и специфичната архитектура, често се нарекува посебен град.
Тоа што лего коцките не го привлекуваат само детското внимание го искористиле архитектите Дмитро Васиљев, Александар Попов, Олга Алфјорова од источноевропската компанија „Архиматика“.
Тие инспирација за проектот Comfort Town, станбен блок во Киев, Украина, нашле во шарени градежни блокови .


За реализација на проектот биле потребни 11. години, но градот е благодарен бидејќи областа порано била прилично незабележлива индустриска зона.
Кога го презеле проектот, целта на архитектонското биро била да ја развие областа среде прометниот украински град во прекрасен станбен блок кој – дури и во време на криза, може да се продаде .
Архитектите имале слобода во одлуките поврзани со трансформацијата на областа во место каде што луѓето навистина би сакале да живеат, па затоа не е чудно што тимот изградил нешто што изгледа како Лего град.
Со градби прекрасно обоени со комбинација на светли нијанси кои привлекуваат внимание и пастели кои се лесни за очи, Comfort Town е тешко да не се забележи.

Како и секој комплекс во градот, има малопродажна површина од 14.763 метри квадратни, а на долните катови од станбените згради има и кафулиња, продавници и канцеларии.
Новиот „град“ беше особено бил прифатен од помладите генерации градски семејства и професионалци кои живеат во градот и кои уживаат во поевропски начин на живот во споредба со советскиот, кој е вкоренет во градот.
Во согласност со минималистичкиот стил на градот, архитектите се одлучиле за згради со едноставни форми инспирирани од геометријата и целосно рамни екстериери.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Погледнете ги сцените – Снежните врнежи го претворија Њујорк во зимска бајка: Забележана е посебна идила во Централ Парк

Обилните снежни врнежи донесоа посебна зимска магија во Њујорк. Врнежите започнаа во недела, а посебна …