Дневен изглед на кралицата Летиција…
Стилот на кралицата Летиција од Шпанија е еден од најистакнатите меѓу европските кралски дами. Таа ја сака комбинацијата од традиционално и модерно, ги претставува локалните брендови и обожава одржлива мода.
Летиција неодамна го посетила најголемиот саем на органски производи во Шпанија и за таква пригода покажала лежерен и пристапен дневен изглед. Се облекла точно како што би се облекувале повеќето жени за време на дневните обврски. Летиција носи класична бела ролка во комбинација со темни, малку звонести фармерки – модел од 90-тите кој дефинитивно е еден од најголемите трендови оваа есен и зима.
View this post on Instagram
Таа носела чанта со средна големина преку рамо од еден од нејзините омилени дизајнери, Каролина Херера.
Летиција ја пуштила косата во нејзините меки, природни бранови, а на лицето ставила и малку дневна шминка.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни