Гвинет Палтроу покажала како да се носи розова боја од глава до пети. Признаваме, не го очекувавме ова монохроматско издание…
Гвинет Палтроу неодамна била фотографирана во Њујорк, каде што, според медиумите, требало да биде гостинка во емисијата „Добро утро Америка“. Со својот изглед, актерката го привлекла вниманието на јавноста, особено на модните критичари. Невообичаено, а сепак толку убаво, можеме само да кажеме дека нè остави без зборови. Изгледала исто како Барби.
Па за што станува збор?
View this post on Instagram
За оваа посебна пригода, Гвинет одлучила да носи женствен комбинезон во металик розова боја кој ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината витка фигура. Ова монохроматско издание го комплетирала со високи потпетици во пастелно розова боја, а додала и ремен во малку потемна нијанса од веќе споменатата боја.
Стајлингот го комплетираше со едноставна шминка во „нуде“ тонови, а прамените од косата ги оставила слободно да паѓаат. Таа ги изненадила љубопитните фотографи со блескава насмевка.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни