Мис Финска Сара Џафце, која по потекло е од Косово, ќе ја изгуби оваа титула откако на социјалните мрежи почна да кружи фотографија, за која е обвинета за расизам.
Имено, таа ги стега очите на фотографијата, а во описот на фински јазик пишува „kiinalaisenkaa syömäs“, што грубо може да се преведе како „јадење со Кинез“.
Многумина го протолкувале ова како потсмевање на Азијците. Таа изјавила дека ги напрегнала очите затоа што имала силна главоболка.

Сара Џафце се најде во центарот на скандал поради оваа фотографија (Фото: Инстаграм)
Организацијата на изборот за Мис Финска објавила дека не прифаќа расизам или дискриминација во која било форма. Тие исто така се извиниле за овој „инцидент“ и додадле дека ќе ѝ ја одземат титулата.
View this post on Instagram
Како последица на оваа одлука, Тара Лехтонен, која заврши втора во септември, ќе биде новата Мис Финска. После сè, Сара Џафце организирала медиумска конференција каде, меѓу другото, се извинила.
View this post on Instagram
„Многу ми е жал на сите што ги навредив и повредив со моите постапки на социјалните мрежи“, изјави таа.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни