Европската радиодифузна унија (EBU) го потврди списокот на земји кои ќе се натпреваруваат на 70-тото издание на Евровизискиот натпревар, кој ќе се одржи во Виена во мај 2026 година.
Оваа година, 35 земји ќе се претстават во Виена на натпреварот, кој ќе се одржи помеѓу 12 и 16 мај. Натпреварот ќе се состои од две полуфиналиња, кои ќе се одржат на 12 и 14 мај, и големото финале на 16 мај 2026 година. Во секое полуфинале ќе се претстават по 15 песни, од кои десет ќе се пласираат во финалето.
Во големото финале ќе учествуваат 25:20 кои се квалификуваат од полуфиналето, заедно со пет автоматски квалификувани учесници – домаќините Австрија и Франција, Германија, Италија и Велика Британија.
Системот на гласање на 70-от Евровизиски натпревар ќе вклучува комбинација од гласови на публиката и национални жирија во сите фази од натпреварот, вклучувајќи ги и полуфиналињата. Ова го враќа моделот на гласање што ги комбинира професионалните музички оценки и гласовите од гледачите ширум светот.
Бугарија, Романија и Молдавија се враќаат во натпреварот, откако претходо пет земји се повлекоа откако Генералното собрание на ЕБУ не успеа да гласа за исклучување на Израел од натпреварот.
Да потсетиме дека Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија претходно побараа исклучување на Израел поради геноцидот во Газа. Конечно, тие објавија дека нема да учествуваат на Евровизискиот натпревар во 2026 година, а Исланд се приклучи на бојкотот.
Листата на земји учеснички на Евровизискиот натпревар оваа година ги вклучува:
– Албанија
– Ерменија
– Австралија
– Австрија
– Азербејџан
-Белгија
– Бугарија
– Црна Гора
– Чешка
– Данска
– Естонија
– Финска
– Франција
– Грузија
– Грција
– Хрватска
– Израел
– Италија
– Кипар
– Латвија
– Литванија
– Луксембург
– Малта
– Молдавија
– Норвешка
– Германија
– Полска
– Португалија
– Романија
– Сан Марино
– Србија
– Шведска
– Швајцарија
– Украина
– Велика Британија
Како што е познато МТВ нема да учествува на изборот во 2026 година, а не се знае ниту кога повторно ќе видиме македонски изведувач на ова реномирано евровизиско натпреварување.
Фото: Принтскрин/EBU
ekran платформа за слободоумни