Експертите објаснуваат – Оваа навика на комуникација во голема мера влијае на судбината на бракот


Судбината на бракот најчесто се одлучува врз основа на една комуникациска навика, објаснуваат психолозите.
Имено, според експертот за брачни односи д-р Џон Готман, кој поминал повеќе од 40 години проучувајќи парови на Универзитетот во Вашингтон, постои еден фактор што најсигурно предвидува дали бракот ќе трае.
Како што тврди д-р Готман, станува збор за начинот на кој паровите комуницираат во конфликт.

Готман тврди дека не е важно дали паровите се караат, туку како се караат. Клучно е да се избегнуваат критики, презир, одбранбеност и игнорирање. Презирот, кој ги уништува меѓусебното почитување и емпатијата, има особено разорно дејство.


Паровите кои покажуваат почит еден кон друг дури и кога не се согласуваат имаат многу поголеми шанси да останат заедно.


Психологот д-р Џули Шварт Готман истакнува дека браковите пропаѓаат поради недостаток на емоционална сигурност и почит. Добрите бракови негуваат „микро-моменти на поврзаност“, односно мали гестови на поддршка што се акумулираат преку длабока поврзаност.
Во време кога бракот често се идеализира или пребрзо се отфрла, ова сознание го враќа фокусот на она што е клучно на долг рок, а тоа е здрава комуникација и секојдневно емоционално внимание.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ДОМАШЕН СЕНДВИЧ СО СЛАДОЛЕД Е НЕШТО ШТО ДЕЦАТА ЌЕ ГО ОБОЖАВАТ: Се прави брзо, а овошјето сами го бирате!

Нема полесно од ова, а децата ќе полудат по овој сладолед. Состојки: 12 бисквити (може …