Ванчо Тарабунов е роден на 24 февруари 1951 година во Радовиш. Тој е познат македонски пејач на народни песни. Долги години бил вработен во Македонската радио-телевизија, како уредник и водител.
Негови попознати песни се: Жени се Радо, Македонски крвопис, Дедовино, Земјо Делчева, Ела си Лене, Барам прошка. Тој е чест учесник и на фестивалите: “Гоце Фест”, “Фолк Фест Валандово”, “Тумба Фест” и други. Долги години работеше како радио новинар, уредник и водител на народна популарна музика во Македонската радио телевизија.
Тој е еден од основачите, организаторите и воедно долгогодишен учесник на Гоце Фест и “Тумба Фест”.
Добитник е на бројни награди:
- Награда на “Гоце Фест” за песната “Дедовино” (1990)
- Награда на “Тумба Фест” за истоимената песна (1997)
- Втора награда на “Гоце Фест” за песната “Срам ни перде да се нема” (2005)
- Прва награда на “Гоце Фест” за песната “Што е мое пак ке биде мое” (2010)
- Награда за животно дело на Фестивалот “Цветници” (2016)
- Награда за животно дело на Фестивалот “Тумба Фест” (2020)
- Награда на “Гоце Фест” за песната “Дедовино мила ризјанска” (2024)
Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Ванчо Тарабунов.