Маја Вељковиќ Пановска е родена на 21 февруари 1971 година во Скопје. Таа е македонска театарскa, филмскa и телевизискa актерка.
Димпломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на Проф. Владимир Милчин. Во 1999 се вработила во Драмски театар – Скопје. Од тогаш реализира главни и споредни улоги во бројни претстави не само во матичниот театар, туку и во другите театарски институции во државата. Од 2023 година е директор на Драмски театар – Скопје.
Остварила голем број на театарски улоги, меѓу кои ги издвојуваме: Антонина (Земјомерот, 2000); Јованка Орлеанска (Јованка Орлеанска, 2000); Марија (Војцек, 2001); Маре (Тетовирани души, 2002); Елена (Сон на летната ноќ, 2001); Порција/ Полониј/ Гертруда/ Првата вештерка (Собрани дела Шекспир,2002); Првата пчела (Како се станува цар, 2003); Паднатиот ангел (Марисол, 2004); Мартирио (Домот на Бернарда Алба, 2004); Фроса (Кино љубов, 2007); Јелена (Комшилук наопаку, 2007); Мими (Грев или шприцер, 2011); Емилија (Баал, 2012); Младата сопруга (Вртелешка, 2012); Евридика ( Евридика, 2013 ); Секула (Солунски патрдии, 2013); Елена (Љубовници, 2015).
Вељковиќ-Пановска остварила филмските улоги во следните филмови: Последниот фалцер (2000); Големата вода (2004); Бардо (2012); Незрели цреши (2015).
Добитничка е на голем број на награди и признанија: Награда Трајко Чоревски за најдобар млад актер за улогата на Жената во претставата „Духот на лименката” на Македонскиот Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински “ (Прилеп, 1999); Награда за епизодна улога Димче Трајковски за улогата на Маре во претставата „Тетовирани души“ на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2002) и други.
Редакцијата на Екран и го честита роденденот на Маја и ѝ посакува многу здравје и многу успеси во понатамошната кариера.